Достапни линкови

Азилантите се враќаат во Липково


Азилантите се враќаат во матичните земји
Азилантите се враќаат во матичните земји

Околу 400 семејства од Липково заминаа за Белгија со надеж дека ќе добијат економски азил, но деновие организирано белгиските власти ги враќаат во Македонија. Дел од нив за да заминат во некоја од западноевропските земји ги продадоа имотите, а стотици основци беа испишани од училиште.

Тешката економска состојба,невработеноста и беспарицата од едната, а визната либерализација од другата страна се главно причините поради кои околу 400 семејства главно од албанската и ромската етничка заедница од Кумановско-липковскиот регион побараа економски азил во западноевропските земји. Некои со заштедени пари, некои продале добиток и вредни предмети, или друг вид имоти, за да обезбедат билети или за неколку денови далеку од домовите. Млади брачни двојки, семејства со мали деца, социјални случаи, организирано секојдневно ја напуштаа државава. Стотина основци беа испишани од училиштата. За најголемиот број од нив „ветената земја“ беше Белгија. Таа им го укажа првичното гостопримство, но за траен престој нема услови и почна организирано да ги враќа. Кумановци за оваа појава со поделени мислења:

Зошто луѓето заминуваа во западноевропските земји?
Во Норвешка, така се зборува. Јас би отишол ако е сигурно декка даваат пари, стан. Да имале тука 100 евра месечно не би оделе,сега немаат воопшто и затоа одат


„Не знам.“

„Тие си знаат.“

Откако ќе ги вратат дали пак ќе заминат?

„Не верувам.“

„Одат да заработат повеќе пари. Не им е многу тежок животот таму во Липковско. Ако најдат канали пак ќе одат, а тие ги имаат и тука и таму.“
Економијата ни тоне. Треба да се замисли г-динот Груевски и неговата екипа. Народот бара парче леб

„Не можат да живеат овде.“

„Нема работа и затоа одат, ама ќе ги вратат.“

Дали пак ќе одат?

„Ќе бараат друго место.“

Во која земја?

„Во Норвешка, така се зборува. Јас би отишол ако е сигурно дека даваат пари, стан. Да имале тука 100 евра месечно не би оделе,сега немаат воопшто и затоа одат.“

„Економијата ни тоне. Треба да се замисли г-динот Груевски и неговата екипа. Народот бара парче леб.“

Откако ќе се вратат, дали пак ќе одат?

„Во духот на балканскиот човек е да се снаоѓа. Нема да ги спречат пак да не заминат. Без оглед дали се од албанската, ромската или македонската националност генерално сите живееме тешко. Да се живее со 2 до 3 илјади денари социјална помош незамисливо е.“

Државниот секретар за миграција на Белгија Мелкиор Ватле деновиве го посети Липково и при тоа на локалната власт и на населението им порача дека економските и социјалните проблеми треба да се решаваат тука. Тој му препорача на градоначаникот Садула Дураку дека треба да се прават проекти за развој на економијата во општината и да се бараат странски донации.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG