Достапни линкови

Средба на Медведев со кралот Абдула Втори за израелско- палестинските преговори


Кралот на Јордан, Абдула Втори и рускиот претседател Дмитриј Медведев, се сретнаа денеска во Москва за да разговараат за изнаоѓање на начин да се постигне мир меѓу Изрелците и Палестинците на Блискиот Исток. Средбата доаѓа откако Израел објави дека ќе градат 1.600 нови станбени објекти во окупираниот источен дел на Ерусалим. Таквиот потег го осудија многу земји, вклучувајќи ги и САД и Русија.
Абдула, кој ја посетил Русија, девет пати во текот на последните седум години, се заблагодарил за улогата која ја има Русија на Блискиот Исток. Русија ќе биде домаќин на состанокот за Блискиот Исток кој ќе се одржи на 19 март во Москва. На состанокот се очекува да присуствува и државниот секретар на САД, Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG