Достапни линкови

logo-print

Амнести интернешнл бара прекин на протерувањето на Ромите во Рим


Организацијата за човекови права“ Амнетси интернешнл“ побара од италијанските власти итно да престанат со протерувањето на Ромите од камповите во Рим. Организацијата соопшти дека планот да се уништат над 100 кампови и да се раселат над 6 илјади Роми ќе остави многу бездомници. Амнести интернешнл предупреди дека доколку планот се спроведе тогаш „печат“ ќе се стави и за други насилни протерувања во другите италијански региони. Во околината на Рим живеат над 12 илјади Роми од кои еден дел се дојдени од Романија и поранешна Југославија.

XS
SM
MD
LG