Достапни линкови

Нетанјаху му се извинил на Бајден


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изразил жалење до американскиот потпретседател Џозеф Бајден поради, како што се наведува во соопштението на кабинетот на Нетанјаху, несреќната објава на изградбата нови илјада и шестотини станови за еврејските доселеници во источен Ерусалим. Бајден кој е на Блискиот Исток оцени дека ваквиот план ги минира мировните напори за Блискиот Исток. Оваа израелска одлука денеска ја критикуваа и Русија и Турција. Шефот на Арапската лига Амр Муса изјави дека палестинскиот претседател Махмуд Абас поради ваквата одлука нема да прифати индиректни преговори со Израел.
XS
SM
MD
LG