Достапни линкови

Русија и Турција против одлуката на Израел


Министерствата за надворешни работи на Русија и на Турција денеска се изјаснија против одлуката на владата на Израел за изградба на 1600 домови за еврејски доселеници во источниот дел на Ерусалим. Ваквите потези, како што се наведува, се во спротивност со општо прифатената меѓународна позиција за Блискиот Исток. Шефот на Арапската лига Амр Муса изјави дека палестинскиот претседател Махмуд Абас му рекол дека поради ваквата одлука нема да ги прифати индиректните преговори со Израел. Претходно американскиот потпретседател Џозеф Бајден кој го посети Западниот Брег оцени дека изградбата на нови еврејски куќи ги минира мировните напори за Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG