Достапни линкови

Израелските лабуристи ја напуштаат владата?


Израелската Лабуристичка партија размислува да ја напушти владејачката коалиција со партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тоа, како што изјави министерот за земјоделство Шалом Симхон, е поради незадоволството кај лабуристите со најновите потези на владата околу изградбата на нови еврејски населби на палестинските територии. ,,Влеговме во владата за да го обновиме мировниот процес со палестинците,, изјави Симхон. Одлуката на израелските власти за изградба на илјада и шестотини куќи во источен Ерусалим фрли сенка врз посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Блискиот Исток со цел да го промовира новиот почеток на израелско палестинските преговори.
XS
SM
MD
LG