Достапни линкови

Во светот има 1011 милијардери


Магазин Форбс
Магазин Форбс

Годинешниот список на светските милијардери што го објавува магазинот „Форбс“ покажува дека светот заздравува од финансиската криза. Соединетите држави се уште се на прво место по бројот на милијардери, по што следува Азија. На списокот се и шеесет и двајца руси.

Стив Форбс, издавачот на магазинот „Форбс“ вели дека најновиот список е сигурен знак дека глобалната економија заздравува.

„Бројот на милијардерите од ланските 793, порасна на илјада и единаесет и скоро е на рекордното ниво како во 2008 година.“

вели Форбс. Вкупното нивно богатство изнесува три ипол трилиони долари, а ги има од 55 земји во светот. Меѓу нив и две кои никогаш не биле на листата: Финска и Пакистан. Најголемо изненадување е новиот најбогат човек на светот. Со лично богатство од 53 милијарди долари тоа е Карлос Слим, тајкун во мобилна телефонија во Мексико кој конечно, по десет години го тргна од врвот коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Мексиканскиот магнат Карлос Слим


Тој е на второ место по што следува американскиот инвеститор Ворен Бафет. Се наведува дека последните нивни големи донации ја отворија вратата до врвот за мексиканецот Слим. Најголем број милијардери се од Азија, а повеќето доаѓаат од Кина. На списокот годинава се најдоа и 12 нови жени милијардерки. Најмлад меѓу богаташите е основачот на социјалната интерент мрежа Фејсбук, 25 годишниот американец Марк Цукербергер кој поседува 4 милијарди долари. Чешка и Романија имаат по тројца, додека Украина има пет милијардери.

Русите не се расположени да го откријат богатството

На списокот е забелижливо големо враќање на руските милијрадери. Тоа, според Лујза Крол од Форбс, е поради зголемувањето на цените на нафтата и гасот. Таа и со забелешка:

„Во Русија има многу луѓе кои не сакаат да бидат на списокот. Не сакаат да соработуваат со нас или воопшто не сакаат да ги именуваме.“

вели Крол, додавајќи дека милијардерите најчесто не се многу расположени да го откриваат нивното вистинско богатство. Како главни причини таа ги наведува безбедносните, но и страхувањето од конкуренцијата. Некогаш пак, како што вели Форбс, причината е чисто брачна.

„Класичната приказна за еден таков богаташ ја имавме пред неколку години. Добивме остри забелешки од еден милијардер не затоа што објавивме колку е богат, туку затоа што бил сред развод па неговата жена ќе барала повеќе.“

изјави Лујза Крол.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG