Достапни линкови

Седница на Собранието на Македонија


Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 97 седница на чиј дневен ред е интерпелацијата за работата на заменик претседателoт на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески. Покрај тоа пратениците треба да расправаат за предлог измените на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за внатрешни работи и на Законот за заштита од пушењето. Се очекува и расправа по законите за служба во Армијата на Македонија и за државните службеници, како и Предлог законот за изменување на Изборниот законик.
XS
SM
MD
LG