Достапни линкови

logo-print

Илир Мета во Белград


Потпретседателот на владата и министер за надворешни работи на Албанија Илир Мета денеска во Белград ќе се состане со претседателот на Србија Борис Тадиќ и со шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ. Според најавите од Тирана, главни теми на разговорите ќе бидат односите меѓу двете земји, стабилноста на регионот и интеграцијата на балканските земји во Европската унија. Агенциите јавуваат дека Мета најверојатно ќе присуствува на утрешната комеморација по повод годишнината од убиството на премиерот на Србија Зоран Џинџиќ.
XS
SM
MD
LG