Достапни линкови

logo-print

Лидерска средба за измени на Уставот


Лидерите на поголемите политичките партии, денеска попладне ќе имаат средба на која ќе се разговара за иницијативата за измени на Уставот во делот за избор на членови на Судскиот совет. Лидерската средба ја свика премиерот Никола Груевски. Со измените е предвидено зголемувањето на бројот на судиите во Судскиот Совет што ќе бидат избрани од страна на судиите, министерот за правда да не биде член на Советот, и мандатот на членовите на да трае помалку од 6 години.Присуството на лидерската средба го потврдија лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на НД, Имер Селмани, неизвесно е дали ќе дојде претседателот на ДПА Мендух Тачи, кој не присуствуваше на последните лидерски средби.

XS
SM
MD
LG