Достапни линкови

Повторен застој во преговорите меѓу Израелците и Палестинците


Шефот на Арапската лига, Амр Муса изјавил дека претседателот на Палестинците, Махмуд Абас му кажал дека нема да се вклучат во индиректни разговори со Израел. Досега нема коментар од палестинска и од изрелска страна. Изјавата на Муса доаѓа по соопштението на Израел дека ќе изградат 1.600 домови на површината на окупираниот Западен Брег во Ерусалим. Претходно американскиот потпреседател Џо Бајден при посетата на Западниот Брег изјави дека идејата за изградба на израелски населби ги поткопува напорите за мир, откако палестинците се согласија на преговори под покровителство на САД.


XS
SM
MD
LG