Достапни линкови

Саркози загрижен за преговорите за Нагорно-Карабах


Францускиот претседател Никола Саркози изјавил дека е загрижен за застојот во преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан за надминување на несогласувањата околу областа Нагорно-Карабах. Својата загриженост Саркози ја изразил за време на состанокот во Париз
со ерменскиот претседател Серж Саркасиан. Областа Нагорно-Карабах се наоѓа на територија на Азербејџан , но е под контрола на етнички ерменци.
XS
SM
MD
LG