Достапни линкови

Гејтс ќе се сретне со саудискиот Крал Абдулах


Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејт пристигна во Ријад. Американските власти соопштија дека Гејтс треба да се сретне со Кралот на Саудиска Арабија, Абдулах за да разговара за иранската нукеарна програма. Соединетите Американски Држави имаат поставено антиракетен штит, во и околу Персискиот Залив поради стравување дека Иран прераснува во воена закана. Иран пак од другата страна има ракети со дострел доволен да ги погоди соседните земји и американските бази во регионот. Гејтс претходно изјаи дека Иран „игра двоја игра“ со посетата на иранскиот претседател на Авганистан.
XS
SM
MD
LG