Достапни линкови

Бајден се сретна со палестинските лидери


Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска се сретна со палестинските лидери на Западниот Брег. Палестинкиот премиер Салам Фајад изјави дека одлуката на Израел да изгради 1600 куќи во источен Ерусалим е штетна и „голем предизвик“ за отпочнувањето на мировните преговори. Бајден претходно изјави дека соопштението на Израел ја потцени довербата што е потребна за израелско – палестинските преговори. Во меѓувреме израелскиот владин потпарол, Марк Регев изјави дека„ од гледна точка на Израел, Ерусалим е нашиот главен град и ние планираме тоа така да остане“. Палестинците неодамна се согласија да учествуваат во индирекни преговори со Израел во посреднишво на Соединетите Американски Држави.
XS
SM
MD
LG