Достапни линкови

Европски Монетарен Фонд!?


Трите водечки фигури во институциите на ЕУ - Ромпуј, Баросо и Ештон

Трите водечки фигури во институциите на ЕУ - Ромпуј, Баросо и Ештон

Грчката финансиска криза ги натера другите членки на Eврозоната да размислуваат за нови начини со цел да се спречи еврото да влезе во хаос. Една идеја која доби изненадувачки брза поддршка е предлог за формирање "Европски монетарен фонд", според моделот на ММФ.

Целта е да се обезбеди стабилноста на еврото како заедничка валута во еврозоната. Идејата беше најпрвин јавно дадена од германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. Тој изјави дека на Европа и треба една институција слична на Меѓународниот монетарен фонд за борба против ситуации, каква што е сега грчката должничка криза. Шојбле за "Велт ам зонтаг" изјави дека тоа не би била институција која ќе се натпреварува со ММФ, туку е тело посветено врз внатрешната стабилност на еврозоната.
Портпаролот на Европската Унија Амадеу Тардио изјави за новинарите во Брисел дека е важно да се препознаат и спречат потенцијалните кризи.

„Ние сме во многу отворена дискусија во овој момент за постигнување поефикасни начини и средства за интервенција при такви ситуации. И јас би сакал да истакнам дека превентивата е од исклучително значење.“

Многу непознаници околу ЕМФ

Според Тардио, ЕМФ не се формира со цел да и се помогне на Грција, бидејќи за тоа ќе биде потребно време. Целта е да се спречат идните проблеми. Грција во моментов е речиси совладана од големината на својот национален долг од околу 400 милијарди американски долари, што предизвикува несигурност кај инвеститорите што пак може да доведе до значителен пад на вредноста на еврото, бидејки стравот е дека неизвесноста може да се прошири и на други економски слаби членки на еврозоната, како на пример Шпанија.
Клучен играч е германската канцеларка Ангела Меркел која на 8 март во Брисел даде поддршка за формирање ИМФ нарекувајќи го предлогот „добар“ и „интересен“.
Ангела Меркел

Но, Меркел рече дека има многу непознаници, како на пример кој ќе ги наполни касите на Европскиот Монетарен Фонд, и како тој ќе биде независен од постојните структури на Европската Унија - Европската Комисија и Европската Централна Банка. А за тоа пак ќе биде потребна промена на Лисабонскиот договор, за кој беа потребни долги преговори и ратификација. И не сите го подржуваат предлогот. Членот на Извршниот одбор на Европската Централна Банка Јирген Старк ја критикуваше идејата, за која вели дека ќе ги казнува земјите со цврсти финансиски средства а ке потикне лабава потрошувачка, бидејќи некои земји ќе знаат дека има безбедна мрежа како крајна нужда за помош.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG