Достапни линкови

Руската ТВ Планета треба да плати отштета поради клевета


Рускиот државен медиум треба да му исплати отштета од 225 илјади долари на прогонетиот руски тајкун , Борис Березовски. Оваа пресуда ја донесе лондонскиот Суд. Руската телевизија ТВ Планета беше обвинета за клевета поради објавена сторија во која се вели дека Березовски стои зад убиството на рускиот агент, Александар Литвиненко. Руската телевизија бараше од судот да го отфрли овој случај и го бојкотираше судењето, пренесуваат новинските агенции.
XS
SM
MD
LG