Достапни линкови

Гантар:Билатералниот спор не треба да влијае врз преговори со ЕУ


Не постои причина зошто Македонија да не добие датум за преговори за членство во Европската Унија за време на шпанското престседателство. Билатералниот спор не требало да влијае врз тие преговори. Ова денеска го изјави словенечкиот претседател на парламентот, Павел Гантар по средбата со македонскиот колега Трајко Вељановски. Гантер додаде дека и двете страни треба разговараат за да изнајдат решение но во меѓувреме Македонијаможе да ги заврши своите задачи за влез во Европката Унија.Односите меѓу Македонија и Словенија се пријателски и двете земји немаат отворени прашања е главната оценка по средбата на претседателите на Парламентот.
XS
SM
MD
LG