Достапни линкови

logo-print

Договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија?


Бојко Борисов

Бојко Борисов

Во МНР најавуваат информација во врска со бугарскиот предлог за потпишување договор за добрососедство и пријателство со Македонија. Секој договор мегу две соседни држави, а осбено меѓу земја кандидат и земја членка на ЕУ е добредојден, но она што треба да се има предвод кога се во прашање Македонија и Бугарија е содржината и деталите на тој договор велат експерите.

Во министерството за надворешни работи најавуваат информација во врска со бугарското актуелизирање за потпишување договор за добрососедсво и пријателство со Македонија. Секој договор мегу две соседни држави, а осбено меѓу земја кандидат и земја членка на
На она што треба да внимаваме се, јазикот, нацијата, значи оние деликатни прашања кои висеа до сега во односите меѓу нашите две држави. Добро би било кога на овие прашања би постигнале пријателски договор и тоа потоа би служело како подлога кога ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ да се елиминираат таквите лизгави простори на нашите односи со Бугарија
ЕУ е добредојден, но она што треба да се има предвод кога се во прашање Македонија и Бугарија е содржината и деталите на тој договор велат експерите откако бугарското министерство за надворешни работи објави дека предлог договорот е подготвен од владата на Софија и дека е доставен до Скопје. Ако во понудата се постават вистински параметри за пријателсво и соработка не би требао да очекуваме дополнителни ризици во однос на нашите деликатни односи коменира Слободан Чашуле

„На она што треба да внимаваме се, јазикот, нацијата, значи оние деликатни прашања кои висеа до сега во односите меѓу нашите две држави. Добро би било кога на овие прашања би постигнале пријателски договор и тоа потоа би служело како подлога кога ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ да се елиминираат таквите лизгави простори на нашите односи со Бугарија.“

Според него договорот ке има вредност доколку ги елиминира тие сиви зони каде досега во нашите односи не сме успеала да постигнеме напредок, а ако се постави прашањето и на нацијата, јазикот, културата и историјата треба да бидеме многи внимателни за да не ни се случи како со Грција во даден момент под притисок да мораме да размислуваме за изнудени компромиси за да не загрозиме други процеси како што е зачленувањето во ЕУ.

И поранешниот амбасадор Благој Зашов кој проценува дека договорот не треба да го отфрлиме ниту да го прифатиме безрезервно рече дека секој договор з а добрососедски односи е корисен за двете земји но во тоа треба да се тргне искрено и без политички намери и притисоци
Инаку, тоа е една форма за договарање идни односи, платформа врз база на која ќе се уредуваат добрососедските односи, но се разбира партнерите треба да бидат рамноправни.


„Инаку, тоа е една форма за договарање идни односи, платформа врз база на која ќе се уредуваат добрососедските односи, но се разбира партнерите треба да бидат рамноправни. Доколку има мала доза на сомневање во однос на рамноправноста, тешко може да се потпише било каков договор.“

Чувствителните прашања кои ги обременуваат односите мегу Македонија и Бугарија како јазикот и нацијата не зависат од таков формален договр туку за добрососедски односи мора да има добра воља, вели Зашов . Според бугарското МНР предлог документот вклучува предлози како да се избегне говорот на омраза и генерално како појасно да се конституираат добрососедските односи а предвидува зајакнување на соработката во економијата, инфраструктурата енергетските проекти како и во борбата против прекуграничниот криминал.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG