Достапни линкови

Киргистан ја подржува обновата на Авганистан


Главниот командант на американската Централна Команда, Генерал Дејвид Петреус денеска во Киргистан се среќава со Претседателот Курманбег Бакиев. Од канцеларијата на Бакиев е соопштено дека Бишкек ќе продлжи со подршката за обнова на Авганистан заедно со меѓународната заедница. Минатата недела САД објавија дека ќе градат анти терористички тренинг центар во Баткен во јужниот дел на земјата. САД и Русија имаат воздушни бази во Киргистан.
XS
SM
MD
LG