Достапни линкови

Ахмадинеџад - странските трупи не се решение за Авганистан


Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека присуството на странски трупи во Авганистан не е решение што води кон мир во земјата. Тој ова го изјави по денешниоте разговори во Кабул со Претседателот Хамид Карзаи. Посетата на Ахмадинеџад коинцидира со посетата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс кој го обвини Иран за „двојна игра“ глумејки добри односи со авганистанската влада и обезбедувајки помош за талибанците. Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи пак, попладне ќе отпатува за Пакистан на разговори за можната улога на оваа земја во преговорите со талибанците.
XS
SM
MD
LG