Достапни линкови

logo-print

То Вима - Вашингтон наводно предложил „Република Северна Македонија“


Атина да го преиспита својот став во однос на спорот за името со Скопје и да го разгледа предлогот „Република Северна Македонија“ како решение за проблемот, побарале американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон на средбите во Вашингтон со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, пишува денеска весникот „То Вима“. Обама и Клинтон, како што се наведува, му кажале на Папандреу дека ако Грција одговори позитивно на нивното барање, Вашингтон е подготвен да го информира Советот за безбедност на ОН дека називот „ПЈРМ“ во иднина може да се замени со „Република Северна Македонија“, а јазикот што се зборува во земјата како „северномакедонски“.
Папандреу, според „То Вима“ која се повикува на високи американски дипломатски извори, ги информирал Обама и Клинтон дека ќе одговори откако во детали ќе го разгледа нивното барање.
XS
SM
MD
LG