Достапни линкови

Недоволна физичка активност кај децата


Дете пред компјутер

Дете пред компјутер

Во трката за егзистенција родителите се помалку имаат време да водат грижа за физичкиот развој на децата до 14 годишна возраст во Куманово. Денешната млада популација процесот на физичкиот развој го минува во неправилна седечка положба пред компјутер или пред ТВ екраните.

Во трката за обезбедување средства за егзистенција родителите се помалку имаат време да водат грижа за физичкиот развој на децата до 14 годишна возраст во Куманово. Денешната млада популација процесот на физичкиот развој го минува во неправилна седечка положба пред компјутер или пред тв екраните, а училишните торби и ранци дури и на седумгодишните основци се потешки од нив. И во училиштата се помалку се посветува внимание на физичкото воспитување на младите што резултира со зголемен број на деца со
Не се обрнува доволно внимание за редовна фискултура, а тука се и несоодветните ранци што ги носат децата како и неправилното држење во училишните клупи
деформации во рбетниот столб, велат стручњаците. Во Одделението за физикална терапија се поголем е бројот на децата кај кои се дијагностицира кифоза на рбетот, вели д-р Јордан Пачков физиотерапевт.

„Не се обрнува доволно внимание за редовна фискултура, а тука се и несоодветните ранци што ги носат децата како и неправилното држење во училишните клупи.“
Младите кумановчиња на одреден начин се хендикепирани бидејќи:

„Она што е најбитно е што во Куманово нема можност за еден од најбитните спортови што се препорачува на младите, а тоа е пливање во затворен базен, а ние го немаме.“

Д-р Пачков вели дека помладите генерации за по некој сантиметар се повисоки од нивните родители, на што влијаат повеќе фактори. Тој им препорачува на родителите повеќе внимание да обрнат на правилнат исхрана на децата. Тие треба да внесуваат повеќе зеленчук и овошје, храна богата со витамини и белковини, неопходна за изградба на човечките клетки, одноно за севкупниот организам.
Во училиштата на часовите по физичко образование се препорачува група вежби која ние ја вежбаме со децата кои се јавуваат кај нас


,,Во училиштата на часовите по физичко образование се препорачува група вежби која ние ја вежбаме со децата кои се јавуваат кај нас. Тие се практични и за во парк или на улица, а најбитна е консултација и едукација."

Др Пачков вели дека група стручњаци од Јавното здравство е расположена без надоместок да дава стручни совети и:

„Практични и теоретски, на часовите по физичко воспитување и класните часови.“

Факт е дека во Куманово нема затворен базен, а родителите со подобра финанасиска состојба нивните деца организирано двапати седмично на пливање ги испраќаат во Скопје. Нивниот број не е мал, но не е доволен, оти трошоците во нискиот животен стандард не можат да ги задоволат ниту основните потреби, при што праќање дете на пливање за многумина е луксуз.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG