Достапни линкови

Потребен развој на руралниот туризам


Руралниот развој во Охридскиот регион заживеа последниве години, но уште многу треба да се направи за селата во овој крај да доживеат подем и да станат атрактивни и економско исплатливи туристичка дестинации.

Руралниот развој во Охридскиот регион заживеа последниве години, но уште многу треба да се направи за селата во овој крај да доживеат подем и да станат атрактивни и економско исплатливи туристичка дестинации. На стратегијата за рурален развој и поддршка на алтернативните форми на туризмот во Охридско и Дебрца, Охридската локална самоуправа работи од 2008-ма година преку проект на ОБСЕ, со развој на пасивните рурални планински подрачја, посебно во Националниот парк Галичица , кои според законот за рамномерен регионален развој се класифицирани во подрачја со специфични развојни потреби.Охридскиот регион со езерото, високите планински масиви, реките и чистиот воздух, живописните селски населби со домаќинства кои можат да се вклучат во руралниот развој, со влез на инвестиции, се смета за подрачје со висок потенцијал што треба да се искористи.
Три години работевме со Холанѓаните, но доаѓаат и други странци. Ги возиме на магариња, ѓомлезе им спремаме, питулици, сукано итн


„Ние немаме села кои што се недостапни, немаме села кои што немаат електрична енергија, сите тие се барем до тој степен развиени и сега треба заеднички со нив да го надградуваме сето ова во смисла на оние економски активности кои што биле специфични за селото, сточарство, земјоделство итн. Тие треба да претрпат едно преструктуриање, еве во пример на туризмот бидејќи сме туристички регион.“

Вели Горан Мицковски од одделот за рурален развој во секторот за локален економски развој во општина Охрид. Најтрактивни за туризам во регионот покрај Охридското Езеро се селата Велестово, Рамне, Елшани, Љубаништа,Трпејца,Скребатно, Завој, Опеница, Плаќенската планина, Свиништа, Речица, Куратица и Мазатар, а во општина Дебрца местата на природните водотеци, Слатинско Езеро и други.

„Три години работевме со Холанѓаните, но доаѓаат и други странци. Ги возиме на магариња, ѓомлезе им спремаме, питулици, сукано итн.“

Вели Нада Љушкоска, која се занимава со рурален туризам во Охридското село Куратица. И покрај тоа што во националната стратегија за развој на туризмот селскиот е нејзина најважна гранка, сепак за тоа многу малку е направено од страна на државата. Жителите на селата со потенцијал за рурарел туризам не се доволно информирани, за што е неопходна едукација на луѓето и институциите, за можностите за развој, за што на Македонија доделени и се 60,7 милиони евра, неповратни средства од земјоделската ИПАРД програма на ЕУ, низ која ќе се финансираат и проекти за руралниот развој.
XS
SM
MD
LG