Достапни линкови

Воени надмудрувања меѓу Вашингтон и Москва за Киргистан


Соединетите Американски држави ќе и помогнат на Киргистан да изгради антитерористички тренинг центар. Американската амбасада во Биршкек соопшти дека воениот објект кој чини 5,5 милијарди долари ќе биде изграден во баткенската областа каде претходно руски претставници најавија дека ќе градат сличен објект.Во соопштението е наведено дека „Вашингтон нема и не се обидува да направи воена база во јужниот дел на Киргистан“. Засега и Москва и Вашингтон оперираат во воените воздушни бази во северен Киргистан јавуваат новинските агенции.
XS
SM
MD
LG