Достапни линкови

Милошоски: Билатералните спорови треба да се решаваат надвор од преговорите со ЕУ


Билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтегративните процеси и треба да се решаваат надвор од преговорите за членство во Европската Унија.Ова го изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски по денешната средба во Загреб со неговиот хрватски колега Горан Јандроковиќ пренесува новинската агенција МИА. Јандроковиќ изразил надеж дека Македонија набрзо ќе го реши спорот со Грција околу името. Тој додаде дека секоја земја во процесот на евроинтегрирање треба да биде индивидуално третирана, да ги исполни сите критериуми и да биде применет фер пристап во преговорите за членство.
XS
SM
MD
LG