Достапни линкови

Стечајците секој вторник ќе штрајкуваат пред Влада


Стечајните работници и оние што се прогласени за технолошки вишок денеска повторно штрајкуваат во Скопје пред Владата. Претседателката на Унијата на стечајни работници, Лилјана Георгиевска најави дека секој вторник ќе протестираат пред Влада се додека не се реши нивниот статус. Демонстрантите бараат од државата, месечен надомест од 100 евра до следно вработување или пензионирање. Минатиот вторник на средбата на претставниците на стечајните работници од Куманово и Охрид во владата им било укажано дека барањата нема да им ги одобрат.


XS
SM
MD
LG