Достапни линкови

logo-print

Бајден: Израел е подготвен да ризикува за мир


Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека е уверен оти Израел е готов да „преземе ризик за да се постигне мир“ на Блискиот Исток. Бајден по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, истакна дека безбедноста во Израел ќе биде поддржана од Соединетите Држави и дека планираат да ја спречат иранската нуклеарна програма. Нетанјаху изјави дека приоритетите на Израел се да постигне мир со Палестинците и заедно со арапските соседни земји да се погрижат Иран да не произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG