Достапни линкови

Нимиц со нов предлог на крајот на месецов?


Подготвува ли нов предлог? Медијаторот во спорот со името Метју Нимиц

Подготвува ли нов предлог? Медијаторот во спорот со името Метју Нимиц

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски потврди дека овој месец ќе се одржи средба меѓу посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц и македонскиот и грчкиот преговарач, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Експертите оценуваат, дека би можело да дојде и до предлог - модификација на оној од 2008.

Средбата веројатно ќе се одржи во Њујорк. Милошоски повтори дека „Македонија ја продолжува конструктивната улога во преговарачкиот процес“. Професор Димитар Мирчев вели дека по последните посети на регионот, кај посредникот Нимиц веројатно се искристализирале ставовите на двете земји во однос на спорот за името.
Во секој случај, господин Нимиц е сега во состојба со тие искристализирани ставови сепак да понуди некое компромисно решение.


„Тоа се доста цврсти ставови, нема сигнали дека нешто, барем кај нашиот јужен сосед нешто се променило. Но, во секој случај, господин Нимиц е сега во состојба со тие искристализирани ставови сепак да понуди некое компромисно решение.“

Тој вели дека помина кратко време од посетата на Нимиц на Скопје и на Атина, но дека тој сепак е добар познавач на проблемот со името.

„Мислам дека би можело да дојде до некој нов предлог.“

Македонија и Грција се под притисок од европските дипломати за што поскоро решение на спорот, кој е последна пречка за зачленување на Македонија во НАТО и за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Завршувањето на интеграцијата на балканските држави во евроатлантските институции е суштинско за регионалната стабилност и развој и веруваме дека Грција ќе одигра лидерска улога во тој процес

Дел од домашните аналитичари сметаат дека во овој период ќе се засилува и притисокот од САД за конечно да се реши дводеценискиот спор. По вчерашната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека евроатлантската интеграцијата на Балканот е суштинска за регионалната стабилност.

„Ние исто така разговаравме за Балканот, каде што Грција треба да одигра клучна улога во промовирање на економските можности, стабилноста и демократијата. Завршувањето на интеграцијата на балканските држави во евроатлантските институции е суштинско за регионалната стабилност и развој и веруваме дека Грција ќе одигра лидерска улога во тој процес.“

Македонските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори објавија дека се разгледува и можноста за средба меѓу премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Според нив, средбата би можела да се одржи кон крајот на месецов во Брилсел пред Самитот на ЕУ. Груевски и Папандреу во тоа време ќе бидат во Брисел на собирите на европската десница, односно левица. Според слично сценариото Груевски и Папандреу се сретнаа на крајот на октомври минатата година.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG