Достапни линкови

Ахмадинеџат утре во посета на Авганистан


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат утре ќе го посети Авганистан, соопшти иранското министерство за надворешни работи. Според истиот извор, Ахмадинеџат ќе разговара со пртеседателот на Авганистан Хамид Карзаи за билатерални и меѓународни прашања. Ахмадинеџат постојано повикува на повлекување на американските сили од Авганистан, но исто како и Соединетите Држави, Иран е против екстремистичките сунитски талибанци.
XS
SM
MD
LG