Достапни линкови

Бајден - постои можност за израелско - палестински мир


Американскиот потпретседател Џо Бајден, кој е во посета на Израел и на палестинските територии, изјави дека сега е момент на можности за мир меѓу израелците и палестинците. Пред средбата со израелскиот претседател Шимон Перез, Бајден нагласи дека безбедноста на Израел е еден од американските приоритети. Предвидени се средби на Бајден и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и со палестинскиот лидер Махмуд Абас, по што во четврток ќе замине за Јордан.
XS
SM
MD
LG