Достапни линкови

Пронајдено телото на починатиот кипарски Претседател


Телото на покојниот кипарски претседател Тасос Пападопулос, кое беше украдено во декември, денеска е најдено, јави кипарската телевизија. Кипарската полиција потврди дека е најдено тело и дека врз основа на ДНК тест е утврдeн идентитетот.
Тасос Пападопулос почина од рак на белите дробови во декември 2008 година, на 74-годишна возраст.
Тој беше претседател на Кипар од 2003 до март 2008 година, кога загуби на претседателските избори од актуелниот претседател Димитрис Христофиас. Една година по неговата смрт, на денот кога требаше да се отслужи панихида на неговиот гроб, во ноќта меѓу 10 и 11 декември, непознати лица го поместиле 250 килограми тешкиот надгробен споменик, го отвориле гробот, го украле ковчегот со неговите останки и исчезнале без трага. Истражителите не можеа да ги утврдат мотивите за криминалот.
XS
SM
MD
LG