Достапни линкови

logo-print

Папандреу денеска се среќава со Обама


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу предупреди дека долгот на неговата земја може да доведе до втора светска економска криза. Тој пред средбата со американскиот претседател Барак Обама, закажана за денеска во Вашингтон, побара од Европската Унија да застане зад нејзините членки и ги повика Соединетите Држави да се борат против финансиските шпекулации. Папандреу изјави дека долгот веќе имал влијание врз Европа и дека може да се случи домино ефект со кој ќе се зголемат трошоците за заемите на други земји кои веќе имаат долгови.
XS
SM
MD
LG