Достапни линкови

Средби на Бајден со израелските лидери


Израелско- палестинските преговори и иранската нуклеарна програма ќе бидат на агендата на американскиот потпретседател Џо Бајден, кој денеска треба да се состане со израелските лидери. Бајден вчера пристигна во Израел откако Палестинците се согласија на индиректни мировни преговори со Израелците со посредство на Соединетите Држави. Во меѓувреме Израел одобри изградба на 112 нови домови во еврејска населба во Западниот Брег. Палестинските преговарачи го оценија потегот како закана за и онака кревките индиректни израелско- палестински разговори.
XS
SM
MD
LG