Достапни линкови

Панета: убиени половина од лидерите на Ал Каеда


Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА, Леон Панета, изјави дека во неодамнешните антитерористички операции во Пакистан биле убиени половина од дваесетината лидери на Ал Каеда. Панета, говорејќи на универзитетот во Околхома, изјави дека голем дел од операциите биле спроведени во бунтовничките региони во Пакистан, кои порано им биле сигурно засолниште на припадниците на Ал Каеда. Тој смета дека сега лидерите на групата се под интензивен притисок и оти поради тоа се прекинати нивните активности.
XS
SM
MD
LG