Достапни линкови

Белгискиот премиер сепак вечерва пристигнува во Скопје


Премиерот на Белгија Ив Летрм сепак вечерва ќе пристигне во работна посета на Македонија. Поради лошите временски услови на скопскиот аеродром, авионот со кој патуваше Летерм беше пренесочен кон Солун. По неизвесноста дали најавената средба ќе се одржи денеска или утре, прес службата на владата соопштува дека премиерите Никола Груевски и Ив Летрм ќе се сретнат вечерва.
Се очекува, напливот на азиланти од Македонија во Белгија, да биде главна тема на разговорите.
XS
SM
MD
LG