Достапни линкови

Намалени правата на работниците


Работници во текстилна фабрика

Работници во текстилна фабрика

Во борбата за егзистенција и за преживување, граѓаните велат дека не помислуваат ниту на користење годишен одмор, а некогашниот надоместок за тоа, односно 13-та плата, одамна го архивирале во нивниот практичен и ментален живот.

Во дводеценискиот транзиционен период низ кој минуваат граѓаните и државава, а како последица на таков процес и колабираното стопанство и економијата околу 30 илјади невработени кумановци сонуваат за работа и за месечна плата. Во борбата за егзистенција или за преживување тие не помислуваат ниту на користење годишен одмор, а некогашниот надоместок за тоа одамна го архивирале во нивниот практичен и ментален живот. Младите невработени кумановци или не знаат што е регрес за годишен одмор или пак многу малку знаат.
Во приватните претпријатија во пракса нема пресуди за исплата на регресот за годишен одмор, зашто тој условно е врзан со правото на користење годишен одмор. Во приватните фирми годишен одмор скоро не се користи или ако се користи тој е најмногу до седум дена

„Знаете ли што е К-15 или регрес за годишен одмор?“

„Мислам дека тоа е надоместок што вработените го добивале како 13-та плата.“

Гордица Бошковска правен застапник во кумановскиот Синдикат толкувјќи го Законот за работни односи вели:

„Во приватните претпријатија во пракса нема пресуди за исплата на регресот за годишен одмор, зашто тој условно е врзан со правото на користење годишен одмор. Во приватните фирми годишен одмор скоро не се користи или ако се користи тој е најмногу до седум дена.“

Вели Бошковска и додава:

„Во членот 113 од Законот за работни односи каде што се зворува за надоместок во врска трошоците поврзани за работа се предвидуваат одредени надоместоци за одредени случаи.“
Останува на работодавачот дали ќе организира превоз или хранарина. Во пракса со најновите пресуди за 2008-та и 2009-та година досудено е регрес за годишен одмор да исплатат фирми кои 51 % се во општестевна сопственост

Меѓутоа:

„Во истиот член никаде не е наведен надоместок за годишен одмор. Ова право може да произлезе од Гранковиот колективен договор со кој се утврдува правото и висината на тој надоместок. Согласно Законот за работни односи ваквата обврска не постои.“

А со воведување на бруто платите од 1 јануари минатата година укинат е и надоместокот за хранарина и превоз.

„Останува на работодавачот дали ќе организира превоз или хранарина. Во пракса со најновите пресуди за 2008-та и 2009-та година досудено е регрес за годишен одмор да исплатат фирми кои 51 % се во општестевна сопственост.“

Вели Бошковска. Младите кумановци по логиката на работите се согласуваат дека работодавачите треба да обезбедуваат надоместок за правоз и за хранарина на вработените.

„Треба, треба да се исплаќа.“

Работодавачите, со мали исклучоци, велат дека тешко обезбедуваат и плати, а за дополнителни трошоци не можат ниту да размислуваат, со што како што велат барем по тој основ Законот за работни односи е на нивна страна.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG