Достапни линкови

КФОР ја прекина соработката со косовските безбедносни сили


Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина ја поддржа одлуката на КФОР за привремен прекин на соработката со Косовските безбедносни сили, пренесуваат косовките медиуми.КФОР вчера соопшти дека ја прекинува соработката со КБС поради тоа што на јавен собир одржан во петокот во Приштина, припадници на оваа ворена формaција се појавиле со оружје. Во сопштението на КФОР се соопштува дека ги прекинува сите активности со Косовските безбедносни сили се додека не добие објаснување за инцидентот и гаранција дека вакви ситуација нема повеќе да се повторат. Според косовските медиуми меѓународниот цивилен претставник Питер Фејт ја поддржал одлуката на командантот на КФОР, Маркус Бентлер потсетувајќи дека Канцеларијата е задолжена за спроведување на планот на Марти Ахтисари врз основа на кои и е прогласена и независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG