Достапни линкови

Прекинаа спасувачките операции по земјотресот во Турција


Под урнатините во турскиот регион Елазиг погоден од земјотресот нема повеќе луѓе, па спасувачите ги прекинаа своите акции.Ова го изјави гувернерот на областа Муарем Ерол. Во земјотресот загинале наjмалку 50 луѓе и повредени се 100-тина. Потресот кој бил со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала, предизвикал големи материјални штети во селата. Земјотресот бил проследен и со серија помали потреси кои предизвикале паника меѓу жителите во регионот поради што поголемиот дел од ноќта ја минале надвор од домовите.Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го предупреди населението да не влегува во оштетените згради.Тој изјави дека жртвите и штетите се должат на незадоволителни стандарди за градба.
XS
SM
MD
LG