Достапни линкови

На срце ми лежи, на срце ми лежи… на нашиот посетител во Хајд паркот на нашата веб страница, на Анкица од Струмица изгледа навистина и' лежат многу работи на душата, па ни испратила најдолг текст што досега сме го примиле.

На срце ми лежи, на срце ми лежи… На нашиот посетител во Хајд паркот на нашата веб страница, на Анкица од Струмица изгледа навистина и' лежат многу работи на душата, па ни испратила најдолг текст што досега сме го примиле. Иако најновата тема ни е за поскапувањето на струјата, Анкица наведува неколку работи со кои како граѓанин на Македонијава се судира во секојдневниот живот. За администрацијата вели дека е прегломазна и не знае зошто ја делат на државна и јавна, кога, вели, и едните и другите земаат пари од буџетот. „Се множат како глувци“, пишува Анкица од Струмица „и што повеќе ги има толку помалку работа ќе завршите“. За фирмите: Да ти е страв да отвориш фирма, веднаш ќе ти дојдат инспектори и ќе најдат што било да те казнат. А
Слушајќи секој ден меѓусебни обвинувања кој од каде и колку украл нема ни да гласам. Кој вакви никакви ќе не' прими и што ќе сме им во ЕУ и НАТО.
проектот Скопје 2014 ќе ги дотепа фирмите, смета Анкица. Како пост скриптум Анкица наведува дека „не сум партиски определена и слушајќи секој ден меѓусебни обвинувања кој од каде и колку украл нема ни да гласам. Кој вакви никакви ќе не' прими и што ќе сме им во ЕУ и НАТО“, прашува револтирано Анкица од Струмица. Еден наш посетител на веб-страницата кој се потпишал како „Уплашен и анонимен“, реагира на прегледот на неделниот печат на текстот за тоа дали и кој ја контролира Управата за безбедност и контаразузнавање, па пишува: ,,Па братучедот е уствари тој што ја контролира државата – се слуша и се' знае. Грујо е само играчка во нивни раце“. На текстот на наш новинар за проблемот со името, Миле од Охрид има забелешка на експертот што го консултира новинарот и прашува дали не постои друг експерт кој може да го даде своето мислење. „Ставовите на Малевски за прифаќање на шовинистичките ставови на Грција“, смета Миле , ги имате објавено безброј пати. Дали со упорното цитирање на, според мислењето на нашиот посетител, нивните прогрчки ставови вршите некаква смислена пропаганда или сте навистина немоќни да најдете друг релевантен соговорник, прашува, морам да кажам малку необјективно, Миле од Охрид. За извештајот на новинарот на Радио Слободна Европа за неодржаната седница на Комитетот за меѓуетнички односи на тема Скопје 2014, и меѓусебните обвинувања на коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, некој Жика од Карпош со иронија забележува: ,,Ќе ја растураме коалицијата…па одамна немало избори“, а Исмет од Куманово има забелешка на однесувањето на владејачката партија: „ВМРО бега, пошто не су искрени и глумат!“. Инаку на прашањето на нашата веб страница кој може да го реши проблемот со името, веќе 45% од нашите слушатели и читатели сметаат дека тоа не може да го направи никој, а 26% - Владата. Најчитан текст во изминативе денови е текстот од 5 март на нашиот новинар од централата на Радиово во Прага за тоа дека односите меѓу Турција и САД се во опасност.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG