Достапни линкови

logo-print

НАТО ја прекина обуката на Косовските безбедносни сили


НАТО соопшти дека ја прекинува обуката на Косовските безбедносни сили, бидејќи нивните припадници не ја почитувале обврската на прославата на ОВК во Приштина да не носат оружје. Прекинот, според агенциите, ќе важи се додека Алијансата не добие објаснување за инцидентот на прославата и гаранции дека такви ситуации веќе нема да се повторат. НАТО протестираше и поради истакнување на знамето на Алијансата, нагласувајќи дека нејзиниот став во однос на прашањето на независноста на Косово останува неутрален. Ваквата одлука е поздравена од Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина.
XS
SM
MD
LG