Достапни линкови

Демант за апсењето на портпаролот на Ал Каеда


Претставници на пакистанските безбедносни сили денеска ги демантираа извештаите дека портпаролот на Ал Каеда Адам Гадан бил упасен во Пакистан. Станува збор за човек роден во Калифорнија кој ја презел исламската вера и кој, според вчерашните информации, деновиве бил упасен во Карачи. Гадан се појавувал во видеата на Ал Каеда во кои се повикува на напади врз Соединетите држави. По него има распишано потерница со награда од милион долари.
XS
SM
MD
LG