Достапни линкови

Оскар за најдобар филм за The Hurt Locker


,,Д Хард локер,, филмот на режисерката Кетрин Биглоу за ирачката војна, односно за американските војници кои демонтираат бомби, доби шест Оскари меѓу нив и за најдобар филм и за најдобра режија. Со тоа Биглоу стана првата жена која добила Оскар за режија во 82 годишнта историја на оваа филмска награда. На синоќешната церемонија во Холивуд, Оскар за најдобар актер доби Џеф Бриџис, а за најдобра актерка е прогласена Сандра Булок. Аргентинскиот филм ,,Тајната на нивните очи,, доби Оскар за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје. Фаворитот ,,Аватар,, доби три оскари, за ефекти, за камера и за уметнички директор.
XS
SM
MD
LG