Достапни линкови

Милошоски во посета на БиХ


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од шефот на босанската дипломатијата Свен Алкалај, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Босна и Херцеговина. Покрај средбата со својот домаќин Алкалај, министерот Милошоски за време на посетата во Сараево ќе биде примен и од претседавачот на Претседателството на БиХ, Харис Силајџиќ, претседавачот со Советот на Министри, Никола Шпириќ, како и од високи претставници од Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG