Достапни линкови

Владата сака да субвенционира авиолинии?


Министерството за транспорт и врски подготви предлог измени на Законот за воздухопловство со кои се овозможува Владата да субвенционира авиолинии кои се од јавен интерес.Потпаролот на Министертвото, Драган Симоновски изјави дека предлог измените ќе и овозможат на Агенцијата за цивилно воздухопловство целосна фунцкионална и финансиска независност, а на превозниците од земјитечленки на ЕУ слободен пристап до рутите во рамки на Европската заедничка воздухопловна област. Со измените се предлага Агенцијата да се финансира од аеродромската такса што им се наплаќа на патниците, а за периодот во кој операторот на аеродромот е концесионер, надоместот се наплатува како дел од концесискиот надомест.



XS
SM
MD
LG