Достапни линкови

Водостојот на Охридско Езеро на рекордно ниво


Нивото на Охридското езеро повторно расте.Денеска го достигна рекордното ниво од 694 метри надморска височина јавува новинската агенција МИА.Според информациите од управата за хидрометеоролошки работи во Македонија се очекува во наредните три дена да паѓа снег, што може да ја усложни состојбата. Од Координативното тело за превенција од природни непогоди велат дека ја набљудуваат состојбата на терен и како што велат, за сега таа е стабилна. Неповолната хидролошка состојба најмногу ги загрозува жителите на охридската населба Пештани каде, како што пренесува МИА, покрај поплавените куќи проблем се и надојдените извори. Водата извира од земјата и се слева по карпите над селските куќи.
XS
SM
MD
LG