Достапни линкови

logo-print

Неонацисти на обвинителните клупи во српскиот суд


Српскиот Врховен суд најави за утре почеток на судењето на 9-мината обвинети за напад на учесниците на антифашистичкиот собир во Нови Сад пред 3 години.На тројца од обвинетите меѓу кои и Горан Давидовиќ ќе им се суди за предизвикување на национална, верска и расна омраза, а на останатите ќе им се суди за насилно однесување спрема учесниците во собирот, пренесува новинската агенција Бета.Давидовиќ сега е во притвор во Германија па затоа нему ќе му се суди во отсуство. Обвинетите ги предизвикувале учесниците на собирот со нацистички поздрави и потоа физички ги нападнале известуваат агенциите.
XS
SM
MD
LG