Достапни линкови

logo-print

Милошоски утре ќе ја посети БиХ


Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски утре ќе ја посети Босна и Херцеговина. Како што пренесува новинската агенција МИА , Милошоски треба да се сретне со босанскиот колега, Свен Алкалај, претседавачот на Претседателството на БиХ, Харис Силајџиќ, претседавачот со Советот на Министри, Никола Шпириќ..На средбите планирано е да државните претствници да разговараат за развојот и продлабочувањето на билатералните односи, економската и регионална соработка, сукцесијата на имотот на поранешна Југославија како и за процесите на интеграција на двете земји во европските и евроатлантските институции.



XS
SM
MD
LG