Достапни линкови

Швајцарија на референдум одлучува за судските права на животните


Во Швајцарија денеска се одржува референдум за предлог закон со кој ќе им се овозможи на злоупотребените животни да бидат застапувани во суд од адвокат. Адвокатите за заштита на правата на животните сметаат дека со ваков закон ќе се обезбеди подобра заштита на животните.
Противниците велат дека Швајцарија нема потреба од таков закон затоа што има доволно строги закони за заштита на животните. Новиот предлог закон е поддржан од еколошки групи и од дел од политичките партии.
XS
SM
MD
LG