Достапни линкови

Иран ќе произведува ракети - невидливи за радар


Иранскиот министер за одбрана, генерал Ахмад Вахиди најави нова производствена линија на како што иранските медиуми ја опишаа, ракетен проектил кој не може да биде забележан со радар. Генералот Вахиди изјави дека новата ракета ќе биде може да се лансира од вода, воздух и земја. Новинските агенции известуваат дека Иран често најавува напредни воени оружја за кои не може независно да се потврди дали навистина се произведени.Иран започна воена програма пред речиси 20-тина години во која се произведени разни оружја, тенкови, борбени авиони и проектили со среден дострел.
XS
SM
MD
LG