Достапни линкови

Исланд на референдум го одби барањето на Британија и Холандија


Гласачите во Исланд на референдум го одбија барањето на Британија и Холадија да им бидат исплатени 5 милијарди долари на нивните штедачите кои изгубиле пари во исландските банки за време на финансиската криза. Официјалните резултати од референдумот покажале дека 90 проценти од гласачите биле против договорот Исланд како државата да ги исплати парите додека само 2 проценти биле „за“. Граѓаните на Исланд сметаат дека не треба тие да плаќаат за банкарските грешките, јавија новинските агенции.
XS
SM
MD
LG